Произведува дел од Toyota, но Tesla е највредниот производител на автомобили

Производителот на електрични автомобили и батерии Tesla Motor е новиот највреден производител на возила. Акциите на компанијата вредат 208 милијарди долари. Со ова компанијата ја помина Toyota која сега падна на второто место и е проценета на 202, 74 милиони долари.

Tesla последната година значително го зголеми производството на автомобили, но се далеку зад конкурентите. За споредба Toyota и Volkswagen произведуваат по 10 милиони возила годишно, Hyndai 7,2. Производството на Tesla е 367 000 електрични возила, и со тоа имаат 10 пати помалку автомобили годишно од десеттиот на листата PSA, со 3,64 милиони возила.

Tesla благодарение на продажбата на новиот и поевтин Model 3 успеа во 2019 да ја зголеми продажбата за 50 отсто.

Овие бројки на Tesla се далеку од спектакуларни, но по се изгледа пазарот верува дека електричните возила се иднината, а Tesla секако има огромен потенцијал на ова поле.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии