Програмерите и пилотите земаат највисоки плати во Македонија

Ако не ви се исполнил детскиот сон да бидете пилот, тогаш треба да се потрудите да научите некој програмски јазик бидејќи овие две професии се најплатените во Македонија. Според последниот извештај од Државниот завод за статистика, просечната плата на пилотите е околу 68.000 денари, додека програмерите земаат просечна нето плата од 50.000 денари. Следат банкарите со 43.700 и фармацевтите со 41.600 денари.

Овие професии се платени скоро двојно повеќе од просечната македонска плата која изнесува околу 22.000 денари. Исто така овие четири професии можат да ја исполнат таканаречената „потрошувачка кошничка“ потребна за основен животен стандард на четворочлено семејство што според Сојузот на синдикати изнесува 32.140 денари.

Сепак, и да не сте програмери, ако сте во ИТ индустријата ќе можете да имате основен животен стандард, бидејќи скоро сите плати во ИТ секторот го надминуваат просекот. Факт е дека ИТ индустријата е една од поисплатливите индустрии бидејќи живееме во технолошка ренесанса, но и бидејќи ИТ компаниите и стартапите сакаат да бидат иновативни и го прифаќаат ризикот да пробаат нешто ново, што понекогаш враќа неколку пати поголеми приходи. Знаејќи ги светските трендови, и трудот и парите што се инвестираат во ИТ образование, очекувано е ИТ компаниите да плаќаат добро за своите таленти.

programeri

4 коментари на “Програмерите и пилотите земаат највисоки плати во Македонија

  1. Никој не лаже, но има два проблеми:

    1. Не е точно дека тоа се просечни плати на програмери и пилоти. Тоа се просечни плати во ФИРМИ кои што имаат регистрирано претежна дејност (програмирање односно пилотирање). Тоа значи просек на директори, чистачки и се разбира програмери во тие фирми. И добро е тоа добро да се назначи.

    2. За коментаториве: Никој не кажа колку е почетна, колку е висока и слично. Кажаа колку е просечна. Ако имаш 9 програмери со по 300 евра плата и еден директор со 7300 евра плата, колку е просекот на таа фирма? Просекот е 1000евра. Тоа е – математиката е сурова алатка. Статистиката како дел од неа – исто. Убаво е да се кажува просекот, но треба некој да дошепне да се кажат и медианата, и горните и долните 25%, и евентуално и горните и долните 5%. Тогаш сликата ќе биде многу појасна :)

  2. Зошто ширите вакви лаги?

    Почетна програмерска е 12.000-18.000.
    Просечна програмерска е 25.000
    Висока програмерска е 35.000
    Многу ретко некој да зема над 35.000.
    На прсти од рака се бројат тие што земаат повеќе 60.000.

    Фармацевт, или таканаречени аптекари:
    Почетна 8000
    Просечна 12000
    Максимална 17000

    Уште еднаш, ЗОШТО ЛАЖЕТЕ?!

    1. Не гледам проблем во ИТ.мк тие само пренесуваат документ од ДЗС. А ДЗС колку што знам по службена должност ги прибира тие информации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии