Програмери се повлекуваат од Google Glass, нема пазар за наочарите со проширена реалност

Девет од шеснаесет девелопери кои започнале со развивање на апликации или сопствени проекти за Google Glass, предвремено ги прекинале проектите. Најголемата причина за ова е недостатокот на корисници и ограничувањата на уредот, велат развивачите за Reuters. Секако, без разлика на бројот на корисници на уредот, остануваат апликациите кои се креираат за специфична намена за помош на лекарите, полицијата, пожарникари, војската. Покрај ова остануваат најголем дел од големите девелопери како Facebook, Opentable, иако Twitter засега се повлече од платформата.

„Ако имаше 200 милиони продадени уреди ќе беше сосем поразлично. Во овој момент нема пазар“, вели Том Френсел од Little Guy Games.

Недостатокот на интерес не е изненадување со оглед на тоа дека Google Glass чини околу 1.500 долари и до неодамна уредот беше во ограничена продажба. Сепак загрижувачки е што Google Glass, повеќе се продава на eBay отколку на Google Play и тоа за цена која е половина од оригиналната. Google пак се обидува да ја популаризира платформата за корисниците кои би ја користеле при работа. Дел од понудата е 2 за цена од 1 за индустриии кои би можеле да го искористат Glass, како здравство или производство. Доколку Google Glass се покаже во оваа област, иднината на уредот би можела повторно да биде посветла.

„Посветени сме како и досега. За ова ќе биде потребно време, а ние нема да лансираме уредот додека не е апсолитно подготвен“, вели Крис О’нил од Google X.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии