Програмер помина 728 км со едно полнење на електричниот Tesla Model S

Иако Tesla Motors вели дека Model S може со едно полнење на батеријата да помине 425 километри, програмерот Бјорн Ниланд успеа да пројде 728 километри со единствено полнење на батеријата.

Се разбира за потфатот на г. Ниланд требаше да бидат исполнети некои услови. Тој речиси постојано возеше со најекономичната брзина од 40 km/h на пат кој речиси нема нагорнини. Неговото патешествие започна и заврши во Родекро во Данска по извозени 18 часа и 40 минути. Претходниот рекорд за изминати километри со едно полнење на батеријата беше на Дејвид и Адам Меткалф со изминати 677,6 километри. Бјорн Ниланд нема никаква врска со Tesla Motors едноставно е голем ентузијаст, што може да се заклучи и од неговиот YouTube канал, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии