Програмата за е-државјанство на Естонија привлече три пати повеќе луѓе од очекуваното

Програмата за е-жителство на Естонија е толку популарна, што ги надмина сите предвидувања, а бројот на е-жители е дури трипати поголем отколку што се предвидуваше. Статистиката која ја сподели Motherboard, вели дека Естонија сега има 6.000 пријави за е-жителство кои доаѓаат од 118 држави. Посакуваната бројка за 2015 година е 2.000, но очигледно интересот за добивање електронско државјанство е далеку поголем.

Но Естонија не застанува и не забавува тука. За следната година веќе се најавува решавање на еден од најголемите проблеми. За отворање на банковна сметка потребна е средба лице-в-лице, нешто што веќе следната година нема да биде потребно. Програмата за е-жителство е интересна и за повеќе јавни личности, а најпознати досега се премиерот на Јапонија, Шинзо Абе; Гај Кавасаки од Apple и претседателот и основач на Swedbank, Мајкл Ворф.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии