Прогласени ултимативните победници на DICE Awards!

Долго очекуваното DICE Awards си дојде и замина, а како ултимативниот победник се истакна инди играта на Supergiant Games – Hades. Оваа roguelike акциона игра доби пет награди. Една од наградите беше и за „Игра на годината“. Веднаш зад Hades се редат игрите на Sony. Пет игри од овој издавач успеаја да извлечат девет награди на DICE Awards. Интересно, и VR игрите почнаа да се борат за нивната сенка под сонцето и Half-Life: Alyx извлече две победи. Што е со останатите. Ја имаме целата листа, но и целото шоу доколку сте расположени за гледање.

DICE Awards победници:

  • Игра на годината: Hades
  • Најдобро достигнување во правец на игра: Hades
  • Најдобро достигнување во дизајн на игра: Hades  
  • Акциона игра на годината: Hades  
  • Авантуристичка игра на годината: Ghost of Tsushima
  • Семејна игра на годината: Animal Crossing: New Horizons
  • Боречка игра на годината: Mortal Kombat 11 Ultimate
  • Тркачка игра на годината: Mario Kart Live: Home Circuit
  • RPG игра на годината: Final Fantasy VII Remake
  • Спортска игра на годината: Tony Hawk’s Pro Skater 1+2
  • Стратешка или симулација на годината: Microsoft Flight Simulator
  • VR игра на годината: Half-Life: Alyx 
  • Игра за мобилен на годината: Legends of Runeterra
  • Онлајн игра на годината: Fall Guys: Ultimate Knockout
  • Најдобро достигнување во анимација: The Last of Us Part II 
  • Најдобро достигнување во уметнички правец: Ghost of Tsushima
  • Најдобро достигнување во еден лик: Miles, Marvel’s Spider-Man: Miles Morales
  • Најдобро достигнување во композиција на оригинална музика: Ghost of Tsushima
  • Најдобро достигнување во аудио дизајн: Ghost of Tsushima 
  • Најдобро достигнување во приказна: The Last of Us Part II
  • Најдобро техничко достигнување: Dreams
  • Најдобро VR техничко достигнување: Half-Life: Alyx
  • Најдобро достигнување на независен издавач: Hades

1 коментар на “Прогласени ултимативните победници на DICE Awards!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии