На неодамнешниот настан 2017 Golden Joystick Award, како ултимативен победник произлезе The Legend of Zelda: Breath of the Wild, Nintendo Switch и Wii U играта која ја зграпчи наградата „Ултимативна игра на годината“, но тоа никако не значи дека PC насловите беа запоставени. World of Tanks и годинава си отиде дома со нова награда, овој пат со награда за „Игра која и понатаму се игра“, а PlayerUnknown’s Battlegrounds, верувале или не, им беше трн во око на сите поклоници на целосно завршени игри со наградата „PC игра на годината“. Како игра која сеуште е во развој, PUBG самоуверено си посегна и по наградата за „Игра со најдобар мултиплеер“, спонзориран од GT Omega. Сосема очекувано, Overwatch дополнително се прослави со „Esports игра на годината“, спонзорирана од Omen, од HP, a Resident Evil 7: Biohazard седна на тронот како „најдобрата игра за виртуелната реалност“. Сид Мајер, пак, човекот заслужен за еден од најдобрите стратешки серијали, Civilization, ја доби „наградата за доживотно достигнување“.

Целиот настан го имате веднаш по комплетната листа од победниците!

  • Најдобра приказна – Horizon Zero Dawn
  • Најдобар визуелен дизајн – Cuphead
  • Најдобро аудио – The Legend of Zelda: Breath of the Wild
  • Најдобра изведба спонзорирана од The Sun – Ashly Burch (Horizon Zero Dawn)
  • Најдобра инди игра во соработка со Square Enix Collective – Friday the 13th: The Game
  • Најдобра мултиплеер игра спонзорирана од GT Omega – PlayerUnknown’s Battlegrounds
  • Студио на годината – Nintendo EPD
  • Најдобра VR игра – Resident Evil 7: Biohazard

  • Esports меч на годината, спонзориран од Intel – Agilities
  • Esports тим на годината – Lunatic-Hai
  • Esports игра на годината спонзорирана од Omen by HP – Overwatch
  • Најдобар стример – Markiplier
  • Мобилна игра на годината, спонзорирана од Bespoke Arcades – Pokémon Sun and Moon
  • Nintendo игра на годината – The Legend of Zelda: Breath of the Wild

  • PlayStation игра на годината – Horizon Zero Dawn
  • Xbox игра на годината – Cuphead
  • PC игра на годината – PlayerUnknown’s Battlegrounds
  • Избор на критичарите – The Legend of Zelda: Breath of the Wild
  • Награда за пробив, спонзорирана од Badfly – Ashly Burch
  • Хол на слава – Final Fantasy
  • Награда за најпосакувана игра – The Last of Us Part 2

  • Награда за игра која сеуште се игра – World of Tanks
  • Неверојатен придонес кон UK Games Industry, спонзорирана од The Telegraph – Debbie Bestwick MBE
  • Доживотно достигнување – Sid Meier
  • Ултимативната игра на годината – The Legend of Zelda: Breath of the Wild

Watch Golden Joystick Awards 2017 from GoldenJoystickAwards on www.twitch.tv

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии