Прогласени се победниците на Сајт на годината 2015…

Image courtesy of Sajt na Godinata/Facebook

Прогласени се победниците на Сајт на Годината 2015, настан на кој се доделуваат награди на најдобрите сајтови во 19 категории веќе шеста година по ред. Иако настанот се труди да биде манифестација која ќе го поврзе македонскиот ИТ простор, наградувајќи ги најдобрите, најпопуларните и најиновативните сајтови, сепак Сајт на годината потфрла на многу начини – од некреативен дизајн до објавување на вакви видеа од победниците:

Победниците подолу:

  • Најдобар сајт за 2015 – Reporter.mk
  • Најдобар дизајн – Fashionel.mk
  • Најдобар сајт за забава- Panika.be
  • Најдобар информативен сајт – Mkd.mk
  • Најдобар сајт за спорт – Sport365.mk
  • Најдобар корпоративен сајт – Blizoo.mk
  • Најдобар сајт за е-трговија – Pazar3.mk
  • Најдобар сајт на невладина организација – Borka.org.mk
  • Најдобар сајт за образование – Fakulteti.mk
  • Најдобар мобилен сајт – Grouper.mk
  • Најдобар сајт на владина институција – Rsbsp.org.mk
  • Најдобар блог – Marketing365.com.mk
  • Најдобар сајт за храна – MoiRecepti.mk
  • Најдобар сајт за мода – Teamoderna.com.mk
  • Најдобар сајт за автомобилизам – Motocentar.com.mk
  • Најдобар сајт за туризам – Aurora.com.mk
  • Најдобар сајт за финансиски услуги – Alphabank.com.mk
  • Најдобар ИТ сајт – Setec.mk
  • Најдобра Facebook фан страна – личниот профил на Ина Многуфина

Доколку видовте едни исти победници и финалисти од минатите години, не треба да се изненадите што ги гледате бидејќи во Македонија има само толку сајтови. Доделување по три награди во 19 категории, прават вкупно 57 наградени сајтови секоја година. Евентуално за година-две сите сајтови во Македонија ќе добијат награда бидејќи нели ќе биде малку апсурдно секоја година да се наградуваат истите… Сајт на годината треба да поработи на малку поиновативен и посериозен пристап бидејќи македонскиот ИТ простор треба да се охрабри да биде иновативен, ако сака манифестацијата да биде сфатена посериозно.

Според организацијата, секоја година станува „сѐ помасовна, десетици илјади интернет корисници гласаа и ги изгласаа победниците. Можеби има попрофесионално изработени и покомлексни веб сајтови, но не беа номинирани и гласани. Секој од сајтовите победници си ја повика својата публика да гласа за нив“. Освен гласовите од публиката, победниците во категориите ги одредуваше и жири.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии