Прогласени добитниците на SoMo Borac 2016

Image Courtesy of SomoBorac.com

Викендов во Ровињ, Хрватска, за време на најголемата регионална конференција за медиуми и маркетинг Weekend Media Festival стандардно, веќе неколку години по ред се одржаа и наградите за најдобрите пријавени дигитални проекти – SoMo Borac. 

Со повеќе од 130 пријави во девет категории, SoMo Borac е една од водечките натпревари во полето на дигиталниот маркетинг на Балканот. Жирито, составено од повеќе од 20 различни члена од целиот регион ги оценуваше најдобрите Facebook страни, дигитални кампањи, веб сајтови и мобилни апликации.

“Секоја година сѐ повеќе растеме, што е видливо од бројот на пријавени проекти – оваа година имавме рекордни 130! Како и во целиот дигитален свет работите се менуваат брзо, па некои категории се помалку популарни, а други повеќе. Најголемиот број на пријави беше во категоријата Digitalni Mix и SoMo Content, што само покажува на трендовите кои се развиваат во регионалниот пазар.” изјави Ружица Врдољак Личина, од организацијата на SoMo Borac наградите.

Победниците оваа година – излистани по агенција и кампања, се:

Категорија: SoMo Face

  • Degordian, Ožujsko pivo – ПОБЕДНИК
    Reklamnet, Noa Bach Club, финалист
    iZone, Podravka, финалист

Категорија: SoMust Have

  • Executive Group, Carlsberg Srbija, brand Tuborg – ПОБЕДНИК
    Marko Novaković, Klijent je uvijek u pravu, финалист
    Agencija Size, Njuškalo, финалист

Категорија: SoMo Content

  • BBDO Zagreb, Jamnica Sensation – ПОБЕДНИК
    Imago Ogilvy, Telegram, финалист
    Utorak i Cvoke, Kviki/Kvikifunpedia, Podravka, финалист

Категорија: Digitalni mix

  • Imago Ogilvy, Jana – ПОБЕДНИК
    Executive Group, Fanta, The Coca-Cola Company, финалист
    Pristop, Telekom Slovenije, финалист

Категорија: Community manager godine

  • FCB Afirma Beograd, Grand Kafa Gold, Atlantic Group – ПОБЕДНИК
    Renderspace, Tom Tailor Lesce, финалист
    Jasno i glasno, Privredna banka Zagreb, финалист

Категорија: Viralni blockbuster

  • Fabrika Sarajevo, Dubioza Kolektiv – ПОБЕДНИК
    BBDO Zagreb, Hrvatska turistička zajednica, финалист
    Native bar, Allianz Hrvatska, финалист

Категорија: SoMo tech

  • Infinum, Hrvatska poštanska banka – ПОБЕДНИК
    Nova TV i Digitalist, Nova TV, финалист
    BBDO Zagreb, Simpa, финалист

Категорија: SoMoRitanac

  • No Ordinary Agency, #CrazyEnoughToChangeTheWorld – ПОБЕДНИК
    Degordian, BBDO, Pragma Komunikacije, Počeši s razlogom, финалист
    McCann Beograd, Muzej savremen umetnosti Beograd, финалист

Категорија: Digitalac godine

  • Maja Blumenšajn, Nova Tv, Nova TV – ПОБЕДНИК
    Marija Obrenović, Comunis DDB, Bambi A.D., финалист
    Nemanja Đurić, Coca-Cola, Coca-Cola, финалист