Времето кога можеше да се направи добра и квалитетна, идеалистичка игра од два, три ентузијасти кои работат од својот стан, гаража или некое поткровје одамна е завршено.

Парите сега играат далеку поголема улога, графички дизајнери, филхармонија, режисери, глумци кој ги покриваат гласовите, се само дел од привилегиите кои не можат да си ги дозволат студијата без подлабок џеб. Огромни пари се трошат на маркетинг и на скенирање на потрошувачите, а сепак бројот на добри игри денес е помал од пред 15 години. Можеби сепак станува збор за хиперпродуктивност или недостиг на идеи за поголем број на добри игри, а парите на потрошувачите сепак некој мора да ги собере.

Како илустрација креаторите на игри заработуваат милијарди долари годишно и за разлика од поголемиот дел на индустрии останаа непогодени од економската криза.

Mass Effect: Вистинско ремекдело графика, звук, приказна и привлечни вонземјанки

И денес постојат компании составени од неколку ентузијасти кои работат на своите први игри, но нивната цел сега најчесто поразлична од тогаш, пример може да се спомене World of Goo. Сега сопственото издавање на игри е речиси незамисливо, па девелоперите мора да се надеваат дека некој издавач ќе ја предземе нивната игра или дека нивната компанија ќе ја продадат на некое поголемо студио.

А што добија гејмерите? Дефинитивно развојот на компјутерската индустрија донесе подобра графика, звук и делумно и попаметен противник. Но, тоа што развојот не може да го донесе се подобрии приказни, поврзаноста на играчот со карактерот кој го контролира и пронаоѓање на играчот во приказната, да навлезе во тој нов, поразличен свет.

Discworld: Универзумот на Terry Pratchet е одлична подлога во оваа Point and Click авантурa

На прв поглед можеби изгледа дека играчите на FPS и симулации добија најмногу, традиционално приказната никогаш не била јака страна на овој тип на игри, ама ако ги споредите FEAR, Half life 2 или Crysis со останатите представници на жанрот, тоа што ги одделува е одличната приказна без која и покрај техничката дотераност тешко дека ќе ја имаа славата која ја уживаат.

Можеби причината за недостаток на добри ентузијастички креирани игри е поевтинување на компјутерите што значително се зголеми и пазарот и наеднаш пазарот се преплави со неквалитетни и заглупавени игри од типот на Postal или на повторно пронаоѓање на некои легендарни постари наслови. Додека првите игри кај кој што одите со ножици, лопати, вили и слично во посета на соседот посебно не ми пречат, повторното измислување на старите игри се повеќе ме нервира. Мислам дека со последнава моја изјава ќе се сложат сите кој некогаш ги играле: UFO:X-Com, Fallout или Neverwinter Nights. Доколку не сте запознаени со оргиналите еве брзо инфо – освен името и во некои исклучоци околината, старата и новата игра немаат ама баш ништо заедничко.

12 милиони играчи 6 години плаќаат месечна претплата од 13 евра =$$$$?

И конечно еволуција на вашата омилена игра во MMORPG. Масовните мултиплеер игри преку интернет револуцијата започна со Ultima Online, но ги зафати сите производители и игри: Ragnarok, Final Fantasy и дискутабилно најдобриот представник на жанрот World of Warcraft. Тука приказната е поставена различно, целиот свет околу вас има веќе поставено историја, додека вашиот карактер нема ама баш никаква, а тоа што ве поврзува е дека вашиот карактер е вашата претстава за вас. Комуникацијата со луѓе и интеракција помеѓу нив го прави MMO единствено и освежувачко гејминг искуство. Негативноста е во тоа што додека сте заборавени во виртуелниот свет најверојатно надвор има работи кој се поважни од виртуелниот живот на вашиот карактер.

Без разлика компјутерските игри не забавуваат повеќе од 30 години, ни го нудат својот свет на фантазија, можности за нови приказни и за опуштање од реалноста. И ако сум престрог кон креаторите и студијата тоа е само затоа што како и секој гејмер се надевам на повеќе…

Тоа што го спремаат BioWare, Lucas Arts и EA Games може да ги „полуди” Star Wars гејмерите

3 коментари на “Профит vs. квалитетни игри…

  1. А што викате за Minecraft, игра направен од еден единствен програмер, без никаква промоција, а сепак толку играна. Може има никаква графика која наликува на '95 но има слобода во играњето кои другите игри сеуште ја немаат….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии