Професии кои ќе бидат заменети со автоматизацијата

Минатата и оваа недела се случија две интересни и важни работи. Најпрво Neuralink ни претстави до каде е со развојот на својот имплант. Оваа недела Guardian ни ја покажа првата статија напишана од вештачка интелигенција. Двата настани покажуваат дека веројатно ниту креативната работа, ниту работата за која е потребна исклучителна вештина можеби нема да им останат на луѓето.

Кои професии се на удар?

Ова секако не значи дека под влијание и развојот на технологијата нема да има нови работи кои денес не постојат. Сепак со секој напредок е се поизвесно дека и за следната работа најдобри работници нема да бидат луѓето. Илон Маск во презентирањето на Neuralink вели дека луѓето мора да користат вештачка интелигенција за да ги стигнат машините, но дури и за вградување на имплантот е потребен робот.

Идеалната верзија на роботот е попрецизна, постојано е подготвена на работа и веројатно ќе прави помалку грешки. Засега нема цена за тоа колку финансиски би го оптоварил буџетот ваков робот. Веројатно нема да биде повеќе од 599 283 долари годишно, колку што изнесува медијаната на платата на неврохирурзите.

Што е потребно да се постане неврохирург? Во САД за ова најпрво се потребни 4 години додипломски студии. По ова за сите што ќе го положат примениот тест следат уште четири години медицински студии. По ова следат години стажирање, специјализација и усовршување. Роботот неврохирург од фабрика ќе излезе со цело знаење. Поважно тоа нема да биде знаење кое го има лекар почетник, туку збирка знаења која доаѓа од најискусните лекари. Голема предност на роботите како лекар е и самата прецизност при работата и можноста за работа речиси без пауза.

Репетитивните работи ќе бидат заменети први

Дел под работите кои ќе бидат први во замената се сите кои се репетитивни. Внес на податоци, шофери, работници на производни ленти се дел од луѓето кои со напредокот ќе останат први без работа. Внес на податоци може да биде првата професија која ќе биде преземена од технологија. Работата е здодевна и репетитивна, па можеби нема да им недостасува на работниците. Сепак вработените во овој сектор треба да почнат да размислуваат за иднината. Веројатно во прво време сепак ќе бидат потребни луѓе кои ќе и помагаат на вештачката интелигенција да заврши дел од обврските. Тука веројатно може да очекуваме некоја нова работна позиција, иако прашање е дали и тука роботите нема да бидат подобар избор.

Напредокот на автономните возила веројатно од поодамна ги замисли шоферите и транспортерите. Замената ќе делува на традиционалниот превоз, но и на некои понови компании. Тешко е да се поверува дека по напредокот на автономните возила, Uber или Lyft ќе останат како денес.

Работниците во магацините се дел од „жртвите“ на напредокот. Amazon веќе ги прилагодува магацините за роботите. Компанијта се подготвува за иднина без магационери, иако барем во прво време луѓето и роботите ќе работат заедно.

Ниту креативните професии не се сосем безбедни

Една од другите професии кои често не се споменуваат како „кандидат“ за промена се адвокатите. Работата во судница, пред порота, па веројатно и со клиенти нема да може да ја преземат роботи, но има доволно простор во повеќе различни сегменти. На пример при почетокот на парниците за прибирање на различни документи или пронаоѓање на судски преседани. Работата на вештачката интелигенција во судот може да помогне и при полесни случаи, на пример за фрлање отпадоци на необележано место или казна за погрешно паркирање.

Експеримент од оваа недела покажа дека на „удар“ на технологијата можат да бидат и копирајтерите. Вештачката интелигенција која ја напиша статијата за Guardian OpenAI GPT-3 е на нов предизвик. Овојпат се натпреварува со луѓе за чија порака ќе има подобар прием кај купувачите. Првите аб-тестови покажуваат дека поуспешна е пораката на вештачката интелигенција.

Ова се резултати од еден тест, а во тек се уште 11 тестови, ако ве интересираат резултатите може да ги погледнете на веб-страницата на VWO.

Секако како што покажаа неколку нови и не така нови приказни новинарството е дел од професиите кои ќе претрпат промени. Алгоритмите можат да составуваат вести кои ќе пренесуваат податоци, иако нема да може да пренесуваат мислење. Сепак алгоритмите можат да бидат супер алатка во рацете на добри новинари која ќе има помогне да соберат куп податоци за поинтересни приказни.

Како да се подготвиме за иднината?

Наједноставно речено на луѓето им се потребни нови вештини. Дел од професиите како инженерите, негувателите, наставниците и куп други креативни професии и професии за кои е важен човечки фактор се безбедни. За другите потребен е фокус на нови вештини, вообичаено ќе се однесуваат на некој начин кој ќе овозможи спојување на технологијата и луѓето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии