Проектот за деца со пречки во видот со нови аудио книги како алтернатива на Браевото писмо

Проектот за деца со пречки во видот излезе со соопшетение во кое ја претстави актуелната состојба и преземените мерки. Новитет се аудио книгите кои треба да бидат дополнителна поддршка и алтернатива на Браевото писмо. Сите материјали и аудио книги ќе им бидат достапни на лицата со пречки во видот на серверот на универзитетот.

До 2014 година, помалку од 1% од лицата со пречки во видот  во Македонија можеа да читаат на Браево писмо. Дури и за тие кои можеле да читаат, особено за децата, немало учебници или друга содржина во Браево писмо. Горди сме што преку оваа заедничка иницијатива на УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите, децата и лицата со пречки во видот имаат нови ресурси со кои може да се подобри писменоста, подготвеноста за вработување и пристапот до културни настани. Се надевам дека овој бриф за јавни политики ќе им помогне на институциите да ги подобрат услугите за сите лица со оштетен вид во Македонија“, рече директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој, г-дин Едвард Гонзалез.

Пректот има за цел за да го зголеми квалитетот и достапноста на децата со пречки во видот. Средствата за овој проект обезбедуваат USAID и Lions Clubs International.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии