Продуктивност: Фокусирајте се на важните работи со StayFocused

Интернетот е магична работа. Во овој момент можете да посетите безбројни сајтови кои до најситни детали ви прераскажуваат што допрва ќе се случи во феноменалната серија Тоскана (insert irony here). А каде е и константното давење низ Facebook, Twitter, Pinterest и стотици други сајтови кои одново и одново ги посетуваме само за да не се посветиме на она што всушност би требало да го правиме. Од друга страна, пак, количината на работните обврски само се зголемува и се заканува да не проголта на крајот од денот.

Секоја чест на дисциплираните умови кои не дозволуваат да бидат вовлечени во ваквиот маѓепсан круг, но за поголемиот дел од нас можеби не е лошо да имаме алатка која ќе проба да не построи и да го разбие постојаното фиксирање и навраќање на непродуктивни сајтови.

StayFocused е екстензија која ја зголемува вашата продуктивност така што го ограничува времето кое го поминувате на непотребни сајтови.

346923-get-organized-how-to-stay-focused

Можете да креирате црна листа од сајтови кои постојано или временски ќе бидат блокирани, па дури и целосно да го блокирате пристапот до интернетот за одредено време. Ова знае да биде исклучително корисно и доколку не сакате вашите деца да посетуваат одредени сајтови кои не се прилагодени за нивната возраст или пак доколку сакате да им го ограничите времето на интернет. На пример, со опцијата Nuclear можете да направите листа од сајтови до кои децата ќе имаат пристап само еден час. По потрошеното време, сајтовите ќе бидат блокирани и пристапот ќе биде забранет сѐ до наредниот ден.

stayfocussedapp

Во поглед на прилагодувањето, StayFocused е крајно флексибилна алатка и покрај целосно блокирање сајтови, можете да блокирате и само одредени поддомени, одредени патеки, па дури и одредени содржини на сајтовите, како видеа, игри, слики и слично.

1 коментар на “Продуктивност: Фокусирајте се на важните работи со StayFocused

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии