Product Hunt ги препорачува овие 7 екстензии за Chrome

Иако не секогаш се корисни, а некојпат се случува да бидат можност за сајбер напади, дел од екстензиите за прелистувачите се забавни, а некои и помагаат со продуктивноста. Product Hunt претстави листа на 7 најкорисни екстенизии за Chrome.

OneTab

Оваа екстензија ги претвора активните отворени табови/веб-страници во Chrome во листа. Екстензијата овозможува поголема прегледност во Chrome, и можеби поважно, ги намалува ресурсите кои ги троши Chrome. Кога некој од затворените табови ќе му затреба на корисникот може да ги отвори сите или само дел од нив.

Maker 2.0

Екстенизијата овозможува креирање на слики од веб-страници или од десктоп. Овие слики потоа можат да се споделуваат преку најпопуларните алатки за соработка како Trello, Github или Slack. Екстензијата овозможува „сликање“ на сцели веб-страници и десктоп екран. Потоа корисникот може да додаде дополнителни покажувачи кои се потребни за дополнителни објаснувања.

Smart Tab Mute

Google и Mozilla ветуваат дека се обидуваат да се справат со страниците кои автоматски вклучуваат музика или видео. Сепак додека ова не решено, екстензијата може да ви помогне да не побудалите. Smart Tab Mute го исклучува звукот и овозможува само еден таб да вклучи звук. Екстензијата е достапна и за Firefox.

Giphy Tab

Оваа екстензијата нема да ви ја зголеми продуктивноста, напротив може и да ја намали. Она што можеби ќе го направи е да ве насмее. Секој пат кога ќе отворите нов таб, Giphy Tab напрво ќе отвори gif.

Grammarly for Chrome

Во зависност од што работите Grammarly for Chrome може да биде најкорисната екстенизја на оваа листа. Екстензијата како што можеби и погодувате, го прегледува целиот текст за грешки. Ова важи за сè, од Gmail и блог постовите, па до пораките на друштвените мрежи.  Екстенизијата проверува погрешно спелување, но и граматички грешки.

 

Marmoset

Не сме сигурни дека Marmoset ќе се појави на секоја листа на корисни апликации. Она што го овозможува екстензијата е претворање на поинтересна слика од напишан код. Сликата иако е поинтересна, не е и попрегледна, па освен ако не е потребна слика за илустрација не е премногу веројатно дека ќе биде корисна.

Panic Button

Panic Button е една од оние екстензии кои се надевате дека нема да треба да ги користите. Овозможува затворање на сите отворени табови со едно притискање на F4. Екстензијата е корисна за заштита на непродуктивноста од љубопитните очи на колегите.

1 коментар на “Product Hunt ги препорачува овие 7 екстензии за Chrome

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии