Product Hunt: Апликации развиени од жени

По повод Денот на жената Product Hunt направи листа и одвои неколку одлични апликации и продукти развиени од жени. Целата листа може да ја видите на следниот линк, а ние ви издвоивме неколку.

Venture Chat Girls Collective е платформа преку која жени претприемачи, инвеститори и сл. комуницираат и споделуваат искуства и совети.

Dream Big. Hustle Hard. е книга со практични совети наменета за луѓе во нивните 20-ти, напишана од автори со различни искуства кои ве советуваат како да добиете работа во ИТ секторот и како да напредувате во својата кариера. Секоја глава содржи анегдоти и активности кои ќе ви ја дадат мотивацијата и алатките кои ви се потребни да го максимизирате својот потенцијал во овој компетитивен сектор.

Leap from Y Combinator е онлајн заедница каде жените од ИТ секторот отворено зборуваат буквално за што сакаат.

HERstory од marketHER.org ви ги носи приказните од жените во ИТ. Секоја недела има разговори со разни успешни жени, од кои може да извлечете поуки кои може ќе ви бидат од корист за вашата кариера.

Ringly не е апликација, туку станува збор за паметен накит. Ringly нуди паметен накит, како алки и прстени, кои поврзани со интернет може да ја следат вашата физичка активност и да ве известуваат доколку имате нотификација на вашиот телефон. Покрај овие функционалности, парчињата накит изгледаат навистина добро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии