Продолжуваат проблемите на HBO со хакерите

Image courtesy of HBO

Профилите на социјалните мрежи на HBO кус период беа под контрола на OurMine. Во овој период од официјалните Facebook и Twitter профили OurMine испратија неколку пораки.

„OurMine тука, само ја тестираме вашата безбедност. HBO контактирај нè за надградба на безбедноста – ourmine.org“.

Ова не е прв пат OurMine да пробие профили на друштвени мрежи на големи компании, јавi BBC. Претходно жртви на хакерите беа и Netflix, Џими Велс, основач на Wikipedia; Марк Закерберг основачот Facebook; и Сундер Пичај директор на Google.

HBO и без овој напад имаше доволно проблеми со хакери. Сезони од Room 104, Insecure season 2 и Curb Your Enthusiasm најверојатно се во рацете на хакери. Заедно со сериите хакерите имаат и 1.5 TB податоци од мрежата на HBO. Дополнително, последните две епизоди од Game of Thrones излегуваат порано од предвиденото. Ако првиот пат беше дело на хакери, вториот пат по грешка, шпанските и нордиските платформи за стримање емитуваа погрешна епизодата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии