Продажбите на Samsung и HTC се под очекувањата; дали пазарот се засити од паметните телефони?

Дали интересот за паметните телефони го достигна својот врв или можеби уредите имаат уште неистрошен потенцијал? Бројките од продажбите на Samsung и HTC покажуваат дека производителите имаат проблем да ги остварат и онака скромните цели.

Samsung, кој од пред една година го презеде тронот како најголем производител на мобилни телефони, не успеа да ги исполни предвидувањата на аналитичарите. Како последица, акциите на компанијата паднаа за 4 отсто, а веќе се појавија и првите аналитичари кој тврдат дека компанијата го достигна својот максимум и, како Nokia и BlackBerry пред нив, сега ќе го отстапи првото место. Се чини дека оваа анализа е прерана со оглед на тоа дека компанијата сепак остварува рекорден профит, а Samsung Galaxy S4 стигна до 10 милиони продадени уреди 20 дена побрзо од својот предходник. Според компанијата, лошите финансиски резултати се последица на зголемениот трошок во маркетингот.

Состојбата на HTC е лоша веќе подолг период, а новиот супер квалитетен, паметен телефон One за жал не успеа да ја промени финансиската ситуација. За среќа компанијата успева да работи без загуби, а профитот во овој квартал е 4 милиони долари, што е подобро од минатиот кога беше само 2,8 милиони долари.

Најголемата загриженост за компаниите е стравувањето дека пазарите во развиените држави ја достигнуваат точката на заситување кога се во прашање паметните телефони. Дополнителен проблем е што пазарот на државите во развој е простор во кој е се потешко да се влезе бидејќи кинеските производители како ZTE или Huawei го имаат преплавено пазарот со евтини паметни телефони.

Иако крајот на ерата на паметните телефони не е блиску, сепак е интересно прашањето што ќе ги замени телефоните? Речиси извесно е дека ќе тоа бидат преносните уреди, а засега се интересни неколку кандидати. Секако најинтересна ќе биде појавата на Google Glass кој ќе покаже во која насока може да се движат „паметните очила“ и нивната употреба. Втор кандитат секако е iWatch или неговиот пандан од Google, иако можеби нема да биде преголемо изненадување доколку се појави идеја од некој стартап.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии