Продажбата на персонални компјутери продолжува да опаѓа

Интересот за персоналните компјутери полека но сигурно опаѓа. Ова може да се види во најновиот извештај на истражувачката компанија Gartner, во кој стои дека продажбата на персоналните компјутери во Западна Европа во третиот квартал има опаднато за дури 11 отсто.

Во третиот квартал испорачани се 14,8 милиони компјутери, што е за 11,4 отсто помалку од истиот период минатата година. Лаптоп компјутерите се најпогодени, со дури 12,6 отсто пад на продажбата, додека продажбата на декстоп компјутерите има опаднато за 8,7 отсто.

Hewlett-Packard е сè уште на врвот меѓу произведувачите на персонални компјутери, со 22 отсто од пазарот, иако во третиот квартал оваа компанија има пад во продажбата од 7,5 отсто. Acer е на второ место со 15,2 отсто од пазарот на персоналн компјутери. Благодарение на одличната продажба на лаптоп компјутерите, ASUS во третиот квартал доживеа раст од 20 отсто, и со тоа го надмина Dell за третата позиција. Apple исто така има раст во продажбата на компјутери, раст од дури 28 отсто.

Слабата продажба се должи на се поголемата популаризација на таблет компјутерите, како и лошата економска ситуација. Голема е веројатноста дека продажбата на персонални компјутери ќе продолжи да опаѓа и во четвртиот квартал. Причина за ова е недостигот на хард дискови, резултат на поплавите кои неодамна го погодија Тајланд, најголемиот произведувач на хард дискови во светот.

1 коментар на “Продажбата на персонални компјутери продолжува да опаѓа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии