Продажбата на PC-ја e во рекорден пад, но има простор за оптимизам

Продолжува падот на продажбата на PC-јата пет квартали по ред. Ова е најдолгиот пад вo историјата на персоналните компјутери, пишува BBC. Изминатото тримесечие се продадени 76 милиони персонални компјутери што е пад од 10,9 отсто од истиот период минатата година. Сепак информациите кои ги сподели IDC покажуваат дека постои причина за оптимизам, пазарот во САД е стабилизиран и се очекува стабилизирање на Европа, Јапонија и Азија.

Lenovo успеа да ја искористи кризата и да го преземе приматот за најпродаван PC-бренд од Hewlett-Packard. Порастот на Lenovo ќе биде уште позабележителен по закрепнувањето на кинескиот пазар, каде гигантот продава 50 отсто од своите уреди. Пораст на пазарот бележат и HP и Dell што на аналитичарите им дава доверба дека пред персоналните компјутери се подобри времиња.

Сепак, освен економската криза, десктоп и лаптоп компјутерите изгубија огромен дел од пазарот со појавата на се поевтини таблет компјутери кои во економски понеразвиените земји се користат како најдостапни уреди. Очекувањата на аналитичарите се сепак дека со подобрата имплементација на екраните на допир на персоналните компјутери и заздравувањето на економијата ќе бидат исполнети почетните услови за враќање на PC-јата. Намалувањето на цените и поголем екосистем се разбира ќе ја зголеми конкурентноста на лаптопите и десктопите.

1 коментар на “Продажбата на PC-ја e во рекорден пад, но има простор за оптимизам

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии