Продажбата на паметните телефони продолжува да расте

Gartner пред неколку дена објави извештај за тоа каква била продажбата на персонални компјутери во третиот квартал, а со новиот извештај го покрива пазарот на мобилни телефони во третиот квартал.Според Gartner, на глобално ниво продажбата на мобилни телефони во третиот квартал има раст од 5,6 отсто на 440,5 милиони мобилни телефони, што е многу помалку од претходниот квартал, кога имало раст од 16,5 отсто.

Според аналитичарот Роберта Коза, главната причина за овој пад е лошата економска ситуација, како и чекањето на нови модели. До крајот на годината продажбата на мобилни телефони ќе порасне за 11 отсто, додека продажбата на паметни телефони ќе порасне за 45 до 50 отсто.

Во извештајот исто така стои дека Android во третиот квартал има 52,5 отсто од глобалниот пазар на паметни телефони, што е двојно повеќе од истиот период минатата година. Symbian е на второ место со 16,9 отсто од глобалниот пазар, многу помалку од истиот период минатата година кога имал 36,3 отсто од пазарот. Оперативниот систем на Apple, iOS, е на трето место со 15 отсто од глобалниот пазар. Голема е веројатноста дека iOS во четвртиот квартал би можел да го надмине Symbian поради лансирањето на новиот iPhone 4S.

Nokia сè уште е на прво место кога станува збор за продажва на мобилни телефони, меѓутоа Samsung е број еден произведувач кога се работи за паметни телефони. Во третиот квартал Samsung има продадено 24 милиони паметни телефони

2 коментари на “Продажбата на паметните телефони продолжува да расте

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии