Продажбата на iPhone паѓа, но Apple веќе размислува за нови реалности

Продажбата на iPhone се намалува, според последниот финансиски извештај. Но, ова го принудува Apple да побара нови области на интерес, без разлика дали тоа ќе бидат паметни часовници, aвтономни автомобили или нешто сосем различно – како виртуелната реалност. Apple би можел да продолжи и без нови уреди, но ќе продолжи да го збогатува iTunes со нови услуги, нови апликации на App Store и додавање на нови сервиси како на пример Apple Music. Иако има намалена продажба, сепак бројот на iOS уреди е веќе 1 милијарда, па ова би можело и да биде доволно за компанијата, барем некое време.

Сепак можеби една куса изјава на Тим Кук покажува во која насока би можел да се движи Apple наскоро. „Не мислам дека е незначајно. Навистина е кул и има интересни апликации“, вели г.Кук запрашан за виртуелната реалност. Најголем показател дека Apple размислува за виртуелната реалност е неодамнешното регрутирање на Даг Боуман, кој е еден од најголемите експерти на ова поле. Дополнително, компанијата веќе е сопственик на неколку стартапи кои би можеле да се приклучат на тимот за виртуелна реалност, и веќе се сопственици на неколку патенти, меѓу кои и два патенти за уред за виртуелна реалност.

Faceshift е еден од стартапите кои би можеле да му помогнат на Apple да биде поконкурентен кога виртуелната реалност е во прашање, но можно е компанијата да задоцни на забавата со уред за виртуелна реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии