Продажбата на хард-копии на Overwatch е изненадување

Обемот на продажбата на физички копии на новата хит видео игра на Blizzard, Overwatch е изненадување за сите. Иако не кажува колку копии се продадени, Тони Берет од GameStop вели дека „продажбата на Overwatch ги надмина нашите очекувања“. Според тимот на Gamestop главна причина за ова е бидејќи Blizzard ја издаде физичката копија пред играта официјално да се најде во продажба. Но, ова не е толкаво изненадување со оглед на тоа дека играта во отворена бета ја тестираа 9,7 милиони играчи.

Можеби единственото прашање на кое наскоро ќе добиеме одговор е дали Overwatch е новиот крал на е-спортот. Blizzard не се нови кога е-спортот е во прашање, Starcraft турнирите долго време беа едни од најинтересните, а и новата Heroes of the Storm е игра фокусирана на MOBA жанрот, кој досега е најпригоден за е-спорт.

Сепак Overwatch е нова и се изиграни 81 милиони часови и најверојатно е една од најиграните игри. Но дали ќе го издржи тестот на времето и ќе ги надмине League of Legends и Dota 2? Без соменвања компанијата е една од најпопуларните, играта изгледа подобро од конкуренцијата, но конкуренцијата е етаблирана и веќе има публика. Counter Strike, League of Legends и Dota 2 сега се лидери во е-спорт. Доколку ова не успее, Overwatch ќе остане „само“ супер интересна игра за играчите. Најголем недостаток можеби е прилично високата цена, пред се со оглед на тоа дека најголемите конкуренти се бесплатни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии