Продажбата на е-книги наскоро ќе ja надмине продажбата на печатените изданија

Доколку се задржат сегашните трендови во 2018 година, заработката од е-книгите конечно ќе ја надмине заработката од печатените книги. Сепак во моментов во најголем дел од државите продажбата на е-книгите е помеѓу четвртина и третина од пазарот, јави New York Times.

Продажбата на е-книгите е најголема во САД, каде и се очекува да ги надминат традиционалните хартиени книги многу порано. Во Европа продажбата на електронски книги е многу бавна, што не значи дека не се популарни. Во Шведска е-книгите се изнајмуваат бесплатно во библиотеките на пример. Сепак најголем дел од Европјаните сè уште сакаат да читаат печатени книги. Една од причините за малата продажба на е-книги во Европа е и заштитата на печатените изданија, па за разлика од САД и Британија каде е-книгите чинат околу 8 долари, во Германија на пример цената на е-книга е 20 долари.

Продажбата на е-книги е помеѓу 25 и 33 отсто во САД и В.Британија кои се светски лидери. Лидер во Континентална Европа е Франција со 8 отсто, а по неа следат Германија и Италија со под 4 отсто. Во Азија е-книгите се најпопуларни во Јапонија (15 отсто), Кина и Индија имаат продажба на е-книги подмала од 3 отсто од пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии