Официјално „The Man Your Man Could Smell Like” кампањата креирана од Wieden+Kennedy за потребите на Old Spice започна во февруари започнувајќи со телевизиски реклами и на други платформи, a оригиналната реклама вкупно до сега е гледана над 19 милиони пати.
Што се однесува до YouTube и другите друштвени медиуми, Old Spice пред малку повеќе од месец започна да објавува персонализирани видеа каде Исаја Мустафа им се обраќа на фановите и други познати личности, и за тој период беа објавени 180+ видеа кои успеаjа да генерираат неколку десетина милиони гледања и десетици илјади коментари, и секако двојно зголемена продажба.
Old Spice е неверојатен пример не само на како да се направи интересно вирално видео, туку и како да се отвори неверојатно забавна интеракција со корисниците од друштвените мрежи.
Еве ја пораката на Исаја кон сите, а повеќе видеа ќе најдете на Old Spice каналот.