Проблемите на PayPal во Србија, некои се повторуваат и во Македонија

Народната банка на Србија, објави годишни податoци за трговијата со PayPal во оваа држава. Најголем дел од податоците се статистика, но дел од нив се и објаснување. Доколку користите српски PayPal за да продавате производи некои од податоците кои ги објасни Startit.rs, ќе ви бидат интересни.

Една од пречките за трговија е неможноста за тргување со локална валута, а како причина за ова е наведен фактот дека PayPal не е лиценциран од НБС во Србија. Сепак, компанијата е лиценцирана во држава членка на ЕУ, па овој проблем ќе биде надминат со иден влез во Унијата. Дотогаш се чини дека нема можност за надминување. Речиси е неверојатно дека PayPal ќе отвори канцеларии за држави со помал број жители, кои баш и не тргуваат онлајн.

Неусoглaсеноста на законот во Србија и проблемот со исплата од резиденти, може да предизвика проблеми, па дури и тужби. Сервисот Car:Go е пример за тоа како Народната банка на Србија и Управата за приходи можат да дојдат до податоци за резидент и да ги тужат корисниците.

Очигледно тргувањето и исплатите со PayPal во Србија се сè уште проблематични и се оспоруваат. Поради ова дел од српските корисници советуваат дека можеби во оваа фаза најпаметно е да се престане со користење на српскиот PayPal, барем додека работната група не излезе со конкретни решенија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии