Проблеми во Google, неколку илјади вработени најавуваат протест

Над 1500 вработени во Google најавија дека денес во текот на работното време ќе излезат во знак на протест. Причината за протестот е несоодветниот третман на сексуалното вознемирување, јави New York Times.

Причината за незадоволството во компанијата е веста дека компанијата им исплаќала илјадници долари на вработените кои ја напуштиле компанијата под сомневање за сексуално вознемирување. Станува збор за мажи кои биле на раководни позиции, а Google најверојатно за да спречи приказната да биде во фокусот на јавноста им исплатил некаков пакет. Станува збор за 48 поранешни вработени, отпуштени во последните 2 години. Бројката делува голема, но компанијата има 94 000 вработени.

Лери Пејџ и Сандер Пичај ветуваат дека ова ќе се промени, но дел од вработените не се убедени. Поради ова околу 1 500 вработени, поголем дел жени, за денес го најавија својот протест.

„Не сакаме да се чувствуваме дека сме нееднакви или дека не нè почитуваат. Google е познат по својата култура. Но, во реалноста не исполнуваме ни основи на почит, правда и фер услови за сите луѓе тука“, вели 33 годишната Клер Стејплтон, еден од организаторите на протестот.

Односот кон жените во овие компании е едно од прашањата кои се тема на разгледување последниов период. Ова се однесува и на нивната застапеност во техничките компании, но и на платите кои ги добиваат за иста завршена работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии