Проблеми со надградбата на оперативниот систем на Apple Watch

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Mike K Myers / Twitter

Купувачите и фановите на Apple се навикнати на некакви повисоки стандарди кога се во прашање производите на компанијата. Сепак ниту оваа компанија не е имуна на по некоја глупост при надградбите. Токму таков е случајот со надградбата на оперативниот систем watchOS 5.1.

Дел од сопствениците на Apple Watch на чии часовници е надграден оперативниот систем се пожалија дека часовникот сега им е „циглосан“. Ова секако значи дека часовникот воопшто не работи и може да се користи единствено како декорација. Со оглед дека не се вклучува екранот, баш и не е некаков украс.

Проблемите ги потврди и Apple кој запра со надградбата, и ги повика сите корисници со проблем да го донесат часовникот во некој од сервисните центри на Apple.

Часовниците кои се зафатени од проблемот не се вклучуваат. По ресетирањето се појавува логото на компанијата и тука заглавува подигањето на оперативниот систем.

За жал Apple потфрли и со сервисирањето. Корисникот треба да го врати часовникот, па од таму часовникот оди на сервис, а корисникот треба да чека да се поправи. Apple не им дава некаква замена на корисниците во меѓувреме што значи дека мора да го чекаат скапиот часовник назад.

Доволен доказ за проблемите е паузата која Apple ја направи со надградбата. Компанијата најави дека набрзо ќе издаде нова верзија на watchOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии