Проблеми со Gmail и Google утрово

Дејан Соколоски

во Вести

Google утрово има проблеми со дел од своите сервиси помеѓу кои е и Gmail. Компанијата веќе најави дека наскоро ќе излезе со повеќе детали за проблемите.

Ако пробавте да прикачите атачмент на некоја пошта која се подготвувате да ја испратите тогаш веројатно сте свесни за проблемот. Прикачувањето или воопшто не започнува, или ако започне оди бавно, и на крајот ќе добиете порака за грешка. Во оваа порака нема никакви дополнителни детали, освен дека има некаков проблем.

Проблемот за Gmail ги зафаќа пораките на корисниците кои праќаат атачмент, но поплаки има и за обичната пошта. Прекинот e глобален, и за проблеми јавуваат корисници од целиот свет. Google ги потврди проблемите и додаде дека компанијата работи на нивно отстранување.

Според Downdetector зафатени се Gmail, пребарувачот, Google Drive, YouTube и повеќе други сервиси, пренесе Mashable. Веројатно наскоро Google ќе ги надмине своите проблеми со Gmail и останатите сервиси, па од соопштението ќе дознаеме што се случило.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии