Проблеми со Amazon Web Services S3 го поразија интернетот

Куп сервиси и веб страници имаa проблеми и беа недостапни поради проблем со Amazon Simple Storage Service. Amazon по околу 4 часа ги надмина проблемите. Сепак вчерашниот ден беше одличен пример за она што се случува кога премногу сервиси се хостираат на едно место.

Trello, Quora, IFTTT, Splitwise се дел од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, а проблеми имаше и во Verge. Instagram, Medium, Slack, Vine, IMDb, Isitdownrightnow.com, беа зафатени од проблемите. Сервисот на Amazon го  користат 148.213 веб-страници и 121.761 уникатни домени. Поради Cloudfront, платформата ја користат и веб-страници кои не се хостирани на Amazon. Cloudfront ги забрзува страниците преку распределување на податоците на различни локации.

Веб-страниците не се единствените кои беа зафатени од проблемот. Во време кога сè поголем број на уреди се поврзани, ова е добар показател дека можеби треба да имаме и по некое „поглупаво“ решение. Од проблемите беа зафатени и куп интернет-на-нештата уреди, од паметни сијалици, до термостати.

Со оглед на обемот на паднати сервиси и страници, целата ситуација помалку наликува на сајбер напад. Пред околу половина година слично изгледаше и нападот врз Dyn, потсети Wired.

Причината што ова е невообичаено е тоа што интернетот е креиран да биде децентрализиран. Па ако има проблеми тие би требало да бидат помали и локализирани на одредени сервиси. Сепак со сè поголеми сервиси како облакот на Amazon, голем дел од страниците и сервисите се наоѓаат на едно место.

Amazon не споделува информации, но проценките беа дека во 2012 компанијата хостираше 1% од целиот интернет. Оттогаш оваа бројка сигурно е зголемена, а експертите сметаат дека облакот на Amazon би можел наскоро да заработува повеќе од продавницата.

1 коментар на “Проблеми со Amazon Web Services S3 го поразија интернетот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии