Проблематични .мк домени

Пример portal.com.mk е добро име за домен, кој за жал е зафатен, но… нема ништо на тој домен. Доменот, според регистарот на МАРНет е зафатен уште од 2003 година, што наведува на сајбер сквотинг – држење на домен со цел да го продадеш подоцна на некој заинтересиран. Или пак и да не се работи за сквотинг, тогаш 7 години држење домен без цел е едноставно штета за некој кој може да го искористи за нешто креативно.

Интересно, МАРНет има правила за користење на домените. Еве едно правило во член 39 од делот Права и Обврски на корисниците на домени од Правилникот.

„Корисникот е должен доменот да го користи на вообичаен начин, односно како што е вообичаено во светската интернет – заедница.“ пишува во вообичаениот правилник (.pdf).

… дискусијата за .мк домени катастрофа продолжува на форумот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии