Пробиен Gawker Media, објавени 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки

„Претходните наши напади беа исмејувани, затоа се вративме и го зголемивме влогот малку.“, |велат од хакерската група најверојатно асоцирајќи на претходните напади од април, кога Gawker го исмеаја контроверзниот форум 4chan за неуспешен хакерски напад.

Иако Gnosis во својот фајл вели дека тие не се со 4chan, сепак во неколку наврати тие застануваат на страна на форумот велејќи „ајде да видиме дали Рајан [уредник во Gawker] се уште ‘не се плаши од 4chan’ после ова lol”. Форумот 4chan е и место каде што се собира и дел од Anonymous групата која е зад хакерските напади врз MasterCard во одбрана на Wikileaks.

Оваа лична војна меѓу Gnosis и „нивниот драг пријател Ник“ од Gawker предизвика и огромна колатерална штета. Објавени се над 1.3 милиони кориснички имиња, лозинки и имејлови на корисници кои само коментирале на сајтот. Нивниот мејл и лозинка требало да бидат анонимни. Наместо тоа, тие, заедно со можни лични податоци, се на отворено и достапни за целиот свет.

„Навистина сме посрамотен од овој пробив. Ние не требаше да бидеме во позиција да сметаме на добрата воља на хакерите кои најдоа слаба точка во системот. И, да, не ја изгубивме иронијата. За совети за креирање појака лозинка видете го овој пост на Lifehacker.“, велат од Gawker.

3 коментари на “Пробиен Gawker Media, објавени 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии