Пробајте ја GWENT и бесплатно добијте ја The Witcher: Enhanced Edition

GWENT : The Witcher Card Game е Heartstone алтернатива во The Witcher универзумот. Се одликува со кампања за еден играч, но и бројни можности за проверка на вашето знаење со карти со вистински лица. Со оглед на цената, која е непостоечка, нема никакви причина да не ја проверите играта. Ова станува двојно посилно кога ќе земете во предвид дека со самото пробување на GWENT бесплатно ја добивате првата The Witcher игра.

Штом ја инсталирате играта, посетете ја официјалната страна за GWENT и во можни надградби (на десната страна) имате копче за бесплатно добивање The Witcher: Enhanced Edition, како и бонус за GWENT. Во случај да сте по игри со карти и не сакате да ја инсталирате играта за да ја добиете The Witcher: Enhanced Edition, тогаш можете само да ја почнете инсталацијата преку GoG Galaxy клиентот, да почекате да ви се појави соодветната опција за бесплатната игра и потоа да ја прекинете инсталацијата.

1 коментар на “Пробајте ја GWENT и бесплатно добијте ја The Witcher: Enhanced Edition

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии