Пробајте да ги зголемите перформансите со FreezeToStock

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Често се случува да посакаме да имаме подобри перформанси за изведување одредени процеси, независно дали се работи за игра, едитирање видео или слично. Кога надградба на хардвер не е опција, би можеле да пробате да ги стопирате оние процеси кои моментно не се критични за остварување на саканата цел.

FreezeToStock е алатка со која можете да пробате да ги зголемите системските перформанси така што привремено ги паузирате сите некритични процеси и услуги. По покренување на алатката, едноставно кликнете на огромното копче FREEZE SYSTEM за да се „замрзне“ панатамошно црпење ресурси од некритични операции.

Со штиклирање на соодветната опција, можете целосно да ги исклучите таквите услуги, наместо само привремено да ги деактивирате (до таквото нешто доаѓате преку опцијата Stop Services instead of just Pausing). За да прекинете со замрзнувањето на процесите и услугите, кликнете на Unfreeze System.

Пристапете кон алатката со одредена доза внимателност и вратете сè онакако што било доколку забележите невообичаена нестабилност со системот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии