Приватното здравство најподложно на сајбер напади

Човечкиот фактор е главна причина која помага во сајбер нападите. Главни цели на онлајн криминалците од април до јуни биле приватниот здравствен сектор и финансискиот сектор.

Најчесто злоупотребен начин на напад се човечките грешки, поточно фишинг напади или измама за споделување на лозинка. Ова се случило во дури 36% од пробивањата, пренесе Guardian.

Во тримесечјето од април до јуни имало дури 49 успешни сајбер напади врз приватното здравство. Дури 29 се директна последица на човечко невнимание. Останатите 20 се пробиени на друг начин. Во финансискиот сектор имало 36 пробивања на заштитата. Првото, сметководството и менаџерските услуги се застапени во 20% од случаите.

„Понатаму, добар дел од сајбер-инцидентите во ова тримесечје се чини дека ги експлоатирале слабостите кои вклучуваат човечки фактор (отворање фишинг-пошта или откривање на лозинки)“, вели извештајот кој го сподели Guardian.

Ако има некоја добра вест тоа е што во најголем дел станува збор за напади со ограничен досег. Поточно во 61% од случаите украдени се лични податоци на до 100 корисници, во 25% на помалку од 10.

Резултатите се базираат на податоците споделени од Комесарот за информации на Австралија, но веројатно може да претпоставиме дека хакерите насекаде се интересираат за исти податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии