Приватниот BlackBerry Мessenger стана алатка за организирање на немирите во Лондон

Лондонската полиција ги следеше Facebook и Twitter за да ги спречи насилните протести кои го ставија Лондон во хаос веќе три дена, но требаше да го следат BlackBerry Messenger, пишува Guardian.

Насилните протести кои веќе три дена предизвикуваат хаос во Лондон, кои се проширија и во Ливерпул, Лидс и Бирмингам, започнаа во саботата, 6-ти август, откако дојде до судир меѓу протестанти и полицијата во Тотенхам. Протестите во саботата беа против полициска бруталност откако во четвртокот, на 4-ти август, полицијата го уби 29-годишниот Марк Дуган. Властите велат дека Дуган, кој бил член на банда и бил осомничен дилер на дрога, пукал кон полицијата која сакала да го уапси. Група анархисти гневни од полициската бруталност и мотивирани од одмаздата за убиениот во неделата по мирните протести организирани од фамилијата и пријателите на Дуган, започнаа да кршат, пљачкосуват, палат и да се тепаат со полицијата, при тоа користејќи ги друштвените мрежи и мобилните телефони за да организираат и да повикаат уште млади луѓе да се приклучат во насилните протести.

Полицијата веќе уапси стотици анархисти, додека во разните градови каде се појави насилството беа комплетно запалени разни објекти, меѓу кои и дистибуцискиот центар на Sony во северен Лондон.

За разлика од Facebook и Twitter кои одиграа голема улога во организирање на разни револуции и протести ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, во лондонскиот хаос овие две мрежи се користат само од корисниците кои пренесуваат информации и вести за настаните.

Лондонските анархисти ги заменеја овие две мрежи со BlackBerry Messenger за организација на протестите и повикување на палење и кршење. BlackBerry телефоните се користат од 37 отсто од британските тинејџери, а месенџерот им овозможува да комуницираат бесплатно и приватно. Преку месенџерот се пренесува пораки со повици „да се соберат сите од сите страни на Лондон“ и да се ограбуваат продавници и палат згради.

Kога на Twitter се споделите неколку пораки за собири во одредени локации, лондонската полицијата брзо реагирала и го спречила насилството уште пред да почне. Но, една од предностите на Blackberry Messenger е што за да комуницираат корисниците треба да го споделат PIN-от на телефонот, што ја зголемува безбедноста и овозможува приватни разговори, и што го прави месинџерот „друштвена мрежа во сенка“ која не може да биде следена од полицијата. Research in Motion (RIM), креаторите на BlackBerry, најавија дека ќе соработуваат со полицијата за да се спречи насилството и да се откријат криминалците кои пљачкосувале.

Според BBC, во понеделникот вечер на терен имало над 6.000 полицајци, но тие биле фатени во небрано без информации за каде се анархистите и каде се палат објекти. Според полицијата, тие биле изненадени од мобилноста на анархистите. Вечерва, вторник, ќе има над 16.000 полицајци распределени во критичните делови од Лондон.

Покрај повик за насилни протести, друштвените мрежи станаа алатка со која локалните заедници започнаа да се организираат во чистење на остатоците од кршењата и палењата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии