Притиснат од судот, Microsoft го прекрсти Skydrive во Onedrive

Дејан Соколоски

во Веб

Microsoft ќе го промени името на својот облак за складирање od SkyDrive во OneDrive. Компанијата го регистрираше и доменот onedrive.com, а освен промената на името се останато е по старо. Содржините кои корисниците ги имале на SkyDrive, сега ќе бидат префрлени на OneDrive. Промената на името доаѓа откако Британскиот суд одлучи дека Sky е заштитен знак на британскиот радиодифузер British Sky Broadcasting Group, потсетува Verge. Засега нема повеќе детали околу ребрендирањето, но може да го погледнете промотивното видео со кое Microsoft го најави ребрендирањето.

„Промената на името на SkyDrive, продукт кој могумина го сакаа не беше лесен чекор… Возбудени сме поради промените и нестрпливи да споделиме уште информации“, вели Рајан Гавин од Microsoft.

[youtube]e4NsPPUDjyU[/youtube]

2 коментари на “Притиснат од судот, Microsoft го прекрсти Skydrive во Onedrive

  1. Кои глупости се дешаваат еј… Патенти, дизајни, имиња, не ми се верува. Место ресурсите да се стават во напредок на технологијата, се ставаат по судовите. Катастрофа…

    А и ова, не го сфаќам. Не се вика Sky Broadcasting туку SkyDrive, а плус второво е интернационално а не Бритиш. Да те фати страв веќе да направиш нешто, од секоја страна може да ти прелета некоја судска покана.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии