Пристигнува Google Drive, уште еден веб сервис за складирање фајлови

IT.mk редакција

во Веб

Google Drive конечно ќе се појави во април, oткрива GigaOm додавајќи едно „можеби“ бидејќи Google-овата приказна со Drive започна уште пред 5 години, и денес се уште е само најава, оставајќи ги сите зачудени како гигантот не може да се справи со едно веб складиште.

Сервисот за складирање фајлови на веб ќе биде директен конкурент на Dropbox, SugarSync, Amazon Cloud Drive и Apple-овиот iCloud. Бидејќи се работи за Google, кој во последниве месеци започна да ги интегрира сите свои сервиси заедно, може да се каже дека и Drive ќе биде поврзан со Google Play (претходно познат како Android Market) преку кој можат да се купува музика и филмови.

Но дали GDrive ќе биде конкурентен со останатите во тоа што е најважно – простор? Според изворите на GigaOm, Google ќе нуди бесплатно само 1 гигабајт простор, за повеќе ќе се плати. Конкурентните сервиси започнуваат од 2-5 GB пред да ви побараат пари.

Блогот додава дека интерфејсот на Gdrive ќе биде налик на Google Docs, и ќе стартува првин за Google Apps корисниците и ќе има специфичен домен. Google исто така има направено API кое ќе овозможи да се складира содржина од други апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии