Пристигнаа првите рецензии на iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, подолготрајна батерија и подобра камера

Дејан Соколоски

во feature, Вести, Мобилни

Image courtesy of Apple

Пристигнаа првите прегледи на телефон на Apple, iPhone 11 Pro. Она што никогаш не беше сомневање е дека хардверот на телефонот е барем помеѓу најдобрите, ако не е и најдобар. Сепак на последните неколку верзии на iPhone камерата на телефонот не беше ни блиску до конкурентите, а истото може да се каже и за батеријата. Последната верзија на iPhone доаѓа со многу подобра камера, а и батеријата е подобрена, иако се чини дека барем кога издржливоста на батеријата е во прашање дел од Android телефоните се понапред.

Оваа верзија на iPhone е најмоќната, а ова секако значи дека е и најскапа. Она што го дознавме оваа недела надвор од првите прегледи е капацитетот на батериите и RAM на телефонот. Од TENAA документите дознавме дека сите верзии: iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max доаѓаат со 4 GB RAM. Ова значи дека шпекулациите дека Max има 6 GB RAM се неточни. Во истиот документ до кој дојде MacRumors е објавен и капацитетот на батеријата за сите 3 уреди.

  • iPhone 11: 3,110 mAh
  • iPhone 11 Pro: 3,046 mAh
  • iPhone 11 Pro Max: 3,969 mAh

Apple успеа да го зголеми капацитет на батеријата благодарение на неколку промени. Прво телефонот е минимално подебел (0,4 mm)  и потежок (11 грама). Второ новиот телефон нема повеќе 3D Touch System. Целиот достапен простор е пополнет со батерија, и како придобивка батеријата може да издржи уште 4 часа повеќе од претходникот iPhone XS.

„Капацитетот на батеријата на iPhone 11 Pro е импресивен, уште повеќе ако го споредите со претходните верзии на iPhone, со исклучок на ланскиот iPhone XR. Изгледа дека правењето на телефонот подебел и ставање на поголема батерија е добра идеја“, вели Verge.

Новиот телефон доаѓа и со нов Super Retina XDR дисплеј. Екранот на помалиот е 5,8-инчи, а на поголемиот 6,5 инчи. Најзабележителна е разликата кај осветлувањето па сега е 800 nits (стандардно за дневна светлина) и 1200 nits (ва HDR содржина). Претходниот модел iPhone XS имаше дисплеј со 625 nits при дневна светлина. Сепак екраните отсекогаш биле одлични на iPhone па разликата не е клучна.

„Екраните кои ги користи Apple се убави – само не би рекол дека се забележително подобри од досегашните“, вели Engadget.

Иако 4К видео е можна, повторно ќе забележите дека Apple и Google се во тивка војна. На пример поради „војна“ со видеокодеците корисниците не можат да гледаат 4К-содржина од YouTube дури и за видеата што се со 4K резолуција.

Ако ги следите вестите поврзани со хардвер и со телефоните веројатно забележувате дека кога Apple е во прашање ретко, па речиси и никогаш не се спомнува процесорот. Причина за ова е што иако A13 Bionic е одличен процесор, и претходната генерација е и повеќе од доволна за потребите на корисниците. Дополнително процесорот и не беше нешто што недостасуваше кај телефонот. Клучниот недостаток на претходните генерации на iPhone спореден со останатите уреди со приближна цена беше камерата. Со 11 Pro верзијата, но и со основната верзија најголемиот напредок е направен со камерата.

Промените кај леќите e значителна Apple додаде нова ултра широко аголна леќа (f/2.4 13mm), главниот објектив е (f/1.8 26mm) со подобрен сензор и телефото објектив (52mm f/2.0). Главната промена е во софтверот iPhone 11 поточно со надградбата на Smart HDR систем за процесирање. Системот на камерата сега е сличен со она што е достапна на Pixel уредите на Google. Штом корисникот ја отвори апликацијата за камерата започнува креирањето на „фото бафер“. Во овој период се сликаат 4 фотографии со недоволна експозиција, фотографијата која ја слика корисникот и една фотографија со преголема експозиција. Со помош на вештачка интелигенција се обработуваат сите слики, се собираат детали од подекспозиционираните и прекспозиционираната слика. Потоа се креира финалната фотографија која ја гледа корисникот. Со подобрени контраст, светла и детали.

Камерата на iPhone е многу подобра од претходните. Дали е најдобрата камера? Веројатно нема дефинитивен одговор. Дури и оние кои за камерата зборуваат во суперлативи велат дека во зависност од условите дел од другите уреди се подобри или полоши. Она што е добра вест за Apple е дека по неколку години камерата на iPhone повторно е во конкуренција за најдобра.

Сепак новите надградби не значат и дека мора веднаш да го замените стариот телефон. Супер интересна поента има Брајан Чен од New York Times, според него напредокот на паметните телефони повеќе не е толку брз, па менувањето на телефон на две години повеќе не потребно. Наместо 2 години г. Чен вели дека кога „flagship“ телефоните се во прашање во ова време може да менувате телефон на секој 5 години.

„Според моите тестови на iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max не ви треба надградба на секои две години. Новите модели се одлични, Apple ги направи побрзи, со подобра камера и со подолготрајна батерија. Цената на новите уреди е пониска, 700 долари, споредено со 750 долари минатата година што е добредојдено во ера на супер скапи телефони.

Но ништо од ова не е доволно да оправда надградба ако имате телефон понов од две години. Најновиот iPhone не толкав исчекор од ланскиот iPhone или од iPhone X од 2017“.

1 коментар на “Пристигнаа првите рецензии на iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, подолготрајна батерија и подобра камера

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии