Пристигнаа првите прегледи за новиот iPad Pro 10.5

Новиот 10.5-инчен iPad Pro е достапен и веќе излегоа првите прегледи. Без исклучок сите констатираат дека новиот уред е многу подобар од неговиот претходник. Сепак останува прашањето дали и новиот iPad Pro ќе успее да ги замени десктоп компјутерите.

Веќе подолго време Apple се мачи со продажбата на таблет компјутерите. Продажбата се намалува секоја година, а падот се засили откако Apple ги воведе помалите таблети и поголемите телефони. Последниве две години, компанијата се обидува да пронајде нов пазар за таблет компјутерите. Како и Microsoft со Surface, се обидуваат да ги претстават како замена за лаптоп и десктоп компјутери, но засега без успех.

Таблетот доаѓа со Apple A10X Fusion процесор на 2.38GHz; Apple A10X графички процесор; 4GB RAM; 64GB, 256GB или 512GB NAND флеш диск. iPad Pro доаѓа со две камери, 12MP задна и 7MP предна камера.

Новиот iPad е малку поголема копија на 9.7 инчниот таблет. Екранот е со резолуција 2224х1668 и 264PPI и променлив рефреш од 24Hz па се до 120Hz. Високиот рефреш не е пригоден за уред кој начесто работи на батерија, па Apple мораше да пронајде начин да ја заштеди на батеријата, а истовремено да го искористи повисокиот рефреш. Компанијата овозможи кога е потребна „мазна“ анимација таблетот да се префрли на повисок рефреш, а во општ случај работи на пониска фреквенција.

„Одличен е за работа во авион. Може да стои исправен на Smart Cover или Smart Keyboard дури и кога немата премногу простор за нозете, а патникот пред вас го навалил седиштето. Ако се обидете да го држите во раце, сепак е понапорно од iPad Air 2. Мора да ги тегнете палците за да достигнете сè“, вели Ars Techninca.

Таблетот не доаѓа со тастатура и електронско пенкало кои се продаваат посебно, но се одличен додаток. Интересно, Apple долго време не веруваше во корисноста на пенкалото. „Пенкалото ви овозможува чувство кое е најблиско до хартија од сите друг таблети кои се во продажба“, вели TechCrunch. Она што е најинтересно е дека овие прегледи доаѓаат на iOS 10.3.2. За неколку месеци официјално ќе биде достапен iOS 11 кој е далеку поприлагоден за мултитаскинг и отворање на повеќе прозорци. Надградбата на оперативниот систем можеби ќе го донесе таблетот поблиску до лаптоп, но нема да отстрани некои од недостатоците.

„Еве каде е проблемот: Smart Keyboard е тенка и притискањето на копчињата не е доволно удобно како на  MacBook Pro или на MacBook Air, по подолго пишување ви се чини дека тастатурата е и премногу евтина. Дополнително, тастатурата на 10.5 модел е премалечка и пренатрупана. Исто така користењето на екранот на допир со Apple тастатурата ќе ви ги замори зглобовите“, вели New York Times.

Таблетот е добар за корисниците кои не ја користат тастатурата премногу. Пример, илустратори кои ќе можат да го искористат пенкалото и екранот за цртање. Но, овој пазар веќе е зафатен од таблетите на Wacom. Дополнително, на iPad не работи софтверот кој го користат дизајнерите, како Photoshop. Ова секако нема да го зголеми интересот за таблет компјутерот. За обичните корисници кои само сакаат нов таблет најголема пречка е цената. iPad Pro чини 650 долари, 1 тастатурата чини дополнителни 150 долари и пенкалото е 100 долари.

„Ако планирате да потрошите волку пари на iPad, треба да знаете што ќе правите со него и како ќе ги искористите предностите на Pro. Веќе има луѓе кои го прават ова, но не верувам дека корисниците на компјутер удобно ќе го користат iPad како главен уред. Оние кои можат одете и купете го уредот, освен ако не поседувате iPad Pro 9.7. За останатите мој совет е да почекате и да видите дали iOS 11 ќе ја промени пресметката“, констатира Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии