Пристигна YouTube Analytics

Најголемата видео друштвена мрежа YouTube им овозможи на своите корисници кои закачуваат видеа пристап до новa, подобрена статистика за видеа и канали. Полесна навигација, подетални извештаи и податоци за тоа како расте вашата публика и како да ја зголемите гледаноста на видеата се само дел од подобрувањата во опциите за статистика.

Статистика за видеата и нивната гледаност не е ништо ново кај YouTube, Insights опцијата е достапна веќе подолго време кај сите корисници кои закачуваат видеа или имаат свој канал, но тие што ја користат ќе се согласат дека прегледноста на бројките и податоците во старата верзија не е лесна за следење и е непотребно комплицирана.

Со YouTube Analytics, втората, подобрена верзија на Insights, корисниците сега ќе можат полесно да ја разберат својата публика.

Објавувајќи го известувањето за Analytics, YouTube исто така објави и инфографик со кој им помага на корисниците да ја разберат приказната зад бројките. Инфографикот следи во продолжение…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии