Пристигна уште едно огромно надополнување за GTA V

Најновото надополнување за мрежниот дел за GTA V е тука, и е поголемо од кога било. Наречено Cunning Stunts: Special Vehicle Circuit, надополнувањето отвора 20 уникатни можности за каскадерски трки чија откаченост е двојно поголема со возилата Rocket Voltic, Ruiner 2000 и Blazer Aqua. Трките, како што ќе забележите од трејлерот, не се сведуваат само на земја и вода, туку се прошируваат и низ небесните пространства над Лос Сантос. За таа цел, одредени автомобили доаѓаат подготвени со падобран или ракета, а и со можност за нуркање во водените површини.

За да навлезете во некоја од трките, потребно е ја изберете соодветната Special Vehicle Circuit Series икона од мапата, а доколку веднаш започнете со настанот ќе можете да уживате во предности како двојно повеќе GTA$ и RP сѐ до 22 март. Оние кои имаат насобрано еден куп пари, можат да си се почестат со прекрасниот Progen GP1, кој е спремен за нови сопственици преку Legendary Motorsport. Во случај да барате поразлично превозно возило, новото надополнување ќе ви дозволи да ги присвоите и возилата кои претходно беа достапни само по комплетирање грабеж (heist). Згора на ова, Rhino, Annihilator, Buzzard и Dubsta 6×6 повеќе не бараат одреден ранк за да бидат отклучени за продажба.

Паралелно со надополнувањето, продавницата има претрпено бројно намалување на цените, но само до 25% попуст. Сите оние кои ќе се вклучат во новата форма на премиум трките ќе добијат трипати повеќе PR. Првите тројца учесници од секоја успешно завршена трка добиваат и GTA$.

Што се однесува за идните планови, и понатаму не се ветуваат нови проширувања во кампањата. Со оглед на популарноста на онлајн делот, Rockstar само уште еднаш ја потврди нивната посвета во овој оддел и ветија работа на нови Creator предмети како и можноста за креирање стази за специјалните возила. Покрај идното исфрлување на класичните GTA автомобили, студиото вети и воведување нови модови како Top Down и Resurrection.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии