Пристигна „Tesla P100D Ludicrous“

во Свет

Tesla најави нова верзија на Моdel S и Model X. Новиот модел P100D Ludicrous ќе биде побрза од основниот модел и ќе доаѓа со поголема батерија.

Новите верзии на Tesla автомобилите се трети едни од најбрзите автомобили во светот, но единствени кои масовно се произведуваат. Единствените две возила кои се побрзи, LaFerrari и Porsche 918 Spyder, а сега и хрватскиот Rimec Concept One се произведуваат во ограничени серии. Model S забрзува од 0-100 за 2,5 секунди, а Model X за 2.9 секунди.

Заедно со автомобилите е претставена и новата батерија со капацитет од 100kWh. Со оваа батерија автомобилите на Tesla ќе бидат првите кои ќе можат да поминат над 600 километри со едно полнење на батеријата. Со европските закони за сообраќај и ограничувања на патот, моделите на Tesla ќе можат да поминат 613 километри помеѓу полнењата.

„Tesla P100D Ludicrous е навистина скапо возило, но сакаме да бидеме начисто; секоја продажба помага за развојот на новиот и подостапен Tesla Model 3. Без сопственици на скапите Model S и Model X, нема да можеме да го финансираме развојот на помалиот и подостапен Model 3.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Al3k
Al3k
9 years ago

Хрватскиот Rimac Concept One е најбрзиот автомобил во светот