AMD веќе ги испрати првите Threadreapper процесори до медиумите кои ќе ги тестираат. Компанијата заедно со процесорот испраќа и специјален клуч за негово сместување. Тест процесорите дојдоа во навистина ексклузивно пакување, но тоа може да го видите и во видеото.
Threadripper не може да го промашите, 4 пати е поголем од конкуренцијата, но и од поголем дел од паметните телефони денес. Процесорот доаѓа во 3 модели Ryzen Threadripper 1950X, Ryzen Threadripper 1920X и Ryzen Threadripper 1900X.
- Ryzen Threadripper 1950X доаѓа со 16 јадра и работна фреквенција од 3.4 GHz до 4GHz. Цената на процесорот е 1000 долари.
- За 200 долари помалку купувачот може да го купи 12 јадрениот 1920Х. Работната фреквенција на јадрата е 3.5GHz до 4GHz.
- Најевтиниот Threadripper 1900X доаѓа со 8 јадра и работна фреквенција од 3.8GHz, со максимална фреквенција до 4GHz.
Конкурентните процесори од Intel доаѓаат и за речиси 1.000 долари повеќе.