Пристигна побрзиот Firefox 13 со нова почетна страна и Restore опција

Mozilla Firefox 13 е официјално достапен за симнување. Најголемите промени во веб прелистувачот се побрзо вчитување на страни и неколку опции за полесна навигација преку новата почетна страна, што се добредојдени новости за Firefox кој полека ја губи трката со Google Chrome.

Оваа Start Page ги содржи сите потребни нешта за да почнете со сурфање на нет. Ги има одбележувачите, историјата, додатоците, синхронизацијата, опциите за подесување и опција за повторно отварање на изгасената сесија. Целта е секако да ги мотивира корисниците да ги истражат опциите и тоа што го нуди прелистувачот, наместо да стартуваат веднаш со одреден веб сајт. Како и кај Chrome, сега може да си ги поставите омилените сајтови на почетната страна за да може веднаш да ги отворите по стартување на прелистувачот.

Подобрувања има и во брзината на вчитување на веб страните. Прелистувачот кој сега го користи SPDY протоколот на Google за забрзано вчитување на сајтовите кои го поддржуваат. Исто така, сега има подобрување во брзината на повторното вчитување на изгасените табовите откако ќе се стартува Firefox.

Дополнително Firefox доби и Restore копче со кое може да се поврати прелистувачот во првобитната состојба по инсталирањето. Но, Restore ќе ги зачува сите страни, лозинки, колачиња и историјата поврзани со Firefox профилот. Тоа што се ресетира се додатоците, темите и сетинзите врзани со одредени сајтови. Во суштина Restor копчето служи да го повратите прелистувачот доколку инсталирате нешто по грешка.

1 коментар на “Пристигна побрзиот Firefox 13 со нова почетна страна и Restore опција

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии