Пристигна PlayStation VR, сите се воодушевени

Image: Madrid Games Week / PlayStation VR

За 400 американски долари, уредот на Sony за виртуелна реалност е секако еден од поевтините на пазарот. За жал ова важи единствено доколку веќе ги поседувате камерата и контролерот за конзолата. Без камерата уредот е речиси бескорисен.

„Rift и Vive наликуваат повеќе на прототип во напредна фаза, PlayStation VR обрнува внимание на деталите – токму она што го очекувате од компанија која повеќе од 30 години создава уреди за потрошувачите.“, вели Engadget.

25818482705_c8cbd0c01b_o

Playstation VR (оригинално наречен Project Morpheus) не е единствената платформа за виртуелна реaлност која излезе годинава. Oculus Rift и HTC Vive, најавуваа дека оваа година ќе има бум на виртуелната реалност, но тоа не се случи. Причината за ова е превисоката цена, но и  недостатокот на игри кои ќе ги привлечат корисниците.

За 400 долари за Playstation VR и околу 300 за конзола, виртуелнaта реалност никогаш не била подостапна.

„Иако можев да издржам повеќечасовни сесии и со другиот хардвер за виртуелна реалност. Playstation VR е првиот уред во кој уживам со часови без да ми е потребно да правам паузи за воздух или за декомпресирање. Ова е дизајн кој другите компании треба да го копираат.“, вели Кајл Орланд од ArsTechnica.

Уредот на Sony всушност е потежок од конкуренцијата, но подоброто распоредување на тежината овозможува и поголема удобност. Можеби тука и најмногу доаѓа до предност искуството на Sony кој многу подолго од Oculus, па и од HTC работи на уреди наменети за гејминг и за забава. Дополнително компанијата се чини има подобро чувство за сумата која потенцијалните купувачи би биле подготвени да ја потрошат.

Причината за пониската цена е послабиот хардвер. Уредот чини 400 долари или 500 со контролерот и камерата, па можеби е разбирливо што хардверот не е споредлив со конкурентите. Сепак резолуција од 960х1080 (за секое око) и фреквенција од 90/120 Hz се чини дека е сосем доволно за почеток на виртуелна реалност.

„Веднаш ќе кажам, квалитетот кој Sony успева да го извлече од сегашната генерација на PlayStation 4 е импресивен. Резолуцијата и системоt се полоши од оној на Rift и Vive. Искуството на конзола која чини 300 долари не е многу поразлично од она на десктоп кој чини 1000. Ова го отвора прашањето, какви перформанси ќe има уредот со PlayStation 4 Pro.“, вели TechCrunch.

Најголем недостаток на уредот се чини дека се двата дела кои и не се дел од уредот, камерата и  контролерот. Контролерот беше одличен во 2010, но денес е помалку застарен. Конкуренцијата има подобри модели, иако чинат неколу пати повеќе. Втор голем недостаток е чувствителноста на камерата која е потребна за уредот да функционира подобро е недоволна. Камерата може да престане да го следи PlayStation VR, но многу почесто престанува да го следи контролерот.

„PlayStation VR е импресивен хардвер, но има некои недостатоци. Следењето е лошо, екранот има дистрозија на краевите, а некои од гумите се неудобни на кoжата. Сепак Sony успеа да го направи она што треба. Успеа да испорача квалитетна виртуелна реалност за корисниците по достапна цена.“, констартира Venturebeat.

Можеби најголемиот недостаток на уредот не е во хардверот, туку во недостатокот на содржина. Елементите на кои паѓаат најголемите замерки не доаѓаат со PlayStation VR и можеби компанијата ќе го подобри наскоро, вистинското прашање е: „Дали ќе има содржини?“. Конзолата би требало да има 30 игри за виртуелна реалност. Ако Sony успее да го зголеми нивниот број ќе биде во значителна предност пред конкуренцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии