Пристигна Opera 10

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Дали новиот Opera ќе зграпчи поголем дел од пазарот на прелистувачи? Одговорот е во брзината. Покрај неколку подобрувања на досегашните опции, новиот Opera 10 се гордее со опцијата за забрзување при слаба интернет конекција.

Turbo опцијата овозможува брзо прелистување и покрај спората интернет конекција. Од Opera велат дека Turbo е осум пати побрз на проблематична спора конекција од конкурентите. (како ADSL корисник не можев да го проверам ова, но ако некој го тестира прелистувачот на поспора конекција слободно пишете во коментарите подолу за дали Opera e брза при слаба конекција)

Друго интересно подобрување е Speed Dial опцијата т.е почетната страна која и претходно ја имаше на Opera. Сега може да се персонализира со вашите омилени веб сајтови кои можете да ги наредите на почетната страна, од 4 до 24 сајта. Има и вклучен имејл клиент Оpera Mail, опција која ја нема на другите прелистувачи.

Toa што го нема во оваа верзија на прелистувачот е Opera Unite и Carakan JavaScript енџинот.

Оpera 10 можете да го симнете од официјалниот сајт. Прелистувачот е достапен за Windows, Mac и Linux.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии