Пристигна новиот Raspberry Pi 4

По подолг период Raspberry Pi Foundation имаат добри вести: „Raspberry Pi добива надградба“. Мини компјутерот кој е популарен кај хобистите кои сакаат да работат на паметен дом, интернет на нештата, и куп други проекти, никогаш не бил подобар. Raspberry Pi 4 B е доволно моќен што веќе може да замени и послаб десктоп компјутер.

 

 

Речиси и да нема дел кој не е надграден од процесорот, па се до USB портите. Компјутерот сега е многу побрз што се должи на промената на процесорот, но има и повеќе и побрза RAM меморија. Доаѓа со можност за репродукција на 4К видео и со поддршка за два монитори. Новитет се и USB 3 портите, но новитетите не завршуваат тука; Новата верзија ќе има неколку нови модели. Основната верзија на Raspberry  доаѓа за 35 долари, но сега ќе бидат достапни и две други верзии. За 45 долари ќе може да купите Raspberry Pi 4 со 2 GB RAM, а за 55 ќе добиете уред со 4 GB RAM.

Нема дел на компјутерот кој не е надграден и побрз. Процесорот и графичкиот процесор се побрзи; побрза е и RAM меморијата; побрз е и слотот за microSD картичката.  Дополнително тука се и USB 3 портите и Gigabit Ethernet.  Подетални податоци за брзината на „четворката“ може да видите на Tom’s Hardware.

Raspberry Pi 4 B Raspberry Pi 3 B+
Процесор 1.5-GHz, Quad-Core Broadcom BCM2711B0 (Cortex A-72) 1.4-GHz, Quad Core Broadcom BCM2837B0  (Cortex A-53)
RAM 1 – 4GB DDR4 1GB DDR2
GPU 400 MHz VideoCore IV 500 MHz VideoCore VI
Видео излез дуал micro HDMI излези еден HDMI излез
Максимална резолуција 4K 60 Hz + 1080p or 2x 4K 30 Hz 2560 x 1600
USB порти 2x USB 3.0 / 2x USB 2.0 4x USB 2.0
Мрежа Gigabit Ethernet 330 Mbps Ethernet
Wi-Fi 802.11ac (2.4 / 5 GHz), Bluetooth 5.0 802.11ac (2.4 / 5 GHz), Bluetooth 4.1
Напојување USB Type-C micro USB
Потребно напојување 3A, 5V 2.5A, 5V
Големина 3.5 x 2.3 x 0.76 inches (88 x 58 x 19.5mm) 3.2 x 2.2 x 0.76 inches (82 x 56 x 19.5mm)
Тежина 46 грама 50 грама

Засега голем недостаток е што дел од софтверот не е поддржан на новата верзија на Rasbian OS. За Pi 4 е потребна оваа верзија Raspbian Buster, но за жал дел од претходно достапниот софтвер сè уште не е прилагоден за Buster. Повеќе библиотеки за Python на пример се некомпатибилни со овој оперативен систем, иако ова без сомневање е проблем кој скоро ќе биде надминат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии