Пристигна iOS 10 – најголемата надградба на iOS досега

“iOS 10 е најголемата надградба на iOS било кога. Огромна надградба на апликацијата Messages ја носи моќта на App Store-от директно во вашите разговори и ја прави комуникацијата повеќе персонализирана. Најдете го патот со преубаво редизајнираните Maps. Вратете спомени како никогаш со Photos. Користете ја моќта на Siri во повеќе апликации од било кога. Имаме нова Home app со цел да го контролирате вашиот дом уште полесно. И комплетно нови Music и News апликации.” – вака Apple, во нивен стил со еден куп пофални зборови, го започнува објаснувањето на екранот пред да го надоградите iOS.

Надградбата, спакувана во 1 GB е достапна и за македонските корисници на iOS од денеска во 19.00 часот.

По инсталација, првото нешто што ќе го забележите е дека не знаете како да го отклучите вашиот телефон – бидејќи Apple го отстранува отклучувањето со допир или “swipe”, и сега уредот се отклучува со двојно притискање на Home копчето.

На прва, ќе бидете пречекани со известување за што е ново во контролниот центар…

ios10

Откако ќе се запознаете со овие промени, и ќе продолжите кон апликацијата Photos, Apple ќе ве израдува (оние кои се загрижени за својата приватност, радувањето да го прочитаат во негативен контекст) со тоа дека со iOS 10, Photos апликацијата автоматски ги скенира сите ваши слики дури го полните и не го користите уредот, користејќи софтвер за препознавање на лица за да, ги групира сите фотографии каде што ќе препознае една личност во албум наречен People. Оваа опција е веќе видена во Google Photos, исто како и опцијата самата апликација да ви создава колекции со спомени.

ios10-livephotos

Една од најзначајните промени во iOS 10, која Apple ја форсира и се чини во иднина ќе биде засебна платформа, конкуретна на Messenger на Facebook, е токму Messages апликацијата. Во неа, сега може да споделувате рачно напишани пораки, да споделувате анимации и стикери, да праќате “невидливи пораки” кои се прикажуваат само кога ќе ги допрете и сл.

ios10-msgs
Мапите се исто така средени и како што вели Apple, “преубави”. A во земји каде што се достапни OpenTable и Uber, Apple Maps директно се интегрираат и овозможуваат правење резервации и повикување Uber од самата мапа.

ios-maps

Дополнителни промени кои iOS 10 ги носи се:

  • Паметно будење – со iOS 10 уредот при самото подигање ќе се вклучи и ќе ви ги прикаже нотификациите
  • Home апликација – апликација која овозможува конектирање со разни Интернет на нештата уреди преку кои може да вклучите светло дома, отклучите врата и сл.
  • Редизајн на Music апликацијата – подобро дизајнирана апликација, која сега нуди и можност за прегледување на текстовите од песните кои ги слушате
  • целосна листа на промени е достапна на сајтот на Apple

За да ја инсталирате надградбата, отворете SettingsGeneral > Software Update и следете ги понатамошните инструкции. Пред вршење на надградбата, направете си бекап, бидејќи има корисници кои веќе се пожалија дека надградбата на iOS 10 е неуспешна и морале фабрички да го ресетираат телефонот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии