Пристигна Google Nexus One

IT.mk редакција

во Мобилни, Хардвер

Google го објави својот мобилен телефон базиран на нивниот Android оперативен систем, а е изработен од HTC. По тоа што го читнав на интернет од луѓе кои го тестирале телефонот, Nexus One не е телефон кој ќе го промени пазарот, но е телефон кој може да му конкурира на Apple-oвиот iPhone. И, секако, „Nexus One е првиот телефон кој ќе го продаваме“ вели Google. Секако дека нема да се застане само на еден уред бидејќи има огромен пазар и потенцијал за минијатурни супер компјутери кои можете да ги носите во џеб, а кои во минатото ги викаа телефони. :)

„Аndroid[oперативниот систем за мобилни] е развиен со една идеја: Да ги отвори мобилните уреди да овозможат поголема иновација која ќе им е од корист на корисниците насекаде. И веруваме дека ние можеме да ја забрзаме иновацијата. Затоa со нашите партнери решивме да направиме уред кој ќе ги демонстрира можностите на софтверската технологија на која работевме.“ вели Google.

Подетални информации и технички спецификации на паметниот телефон(smartphone) на Google можете да ги видите на google.com/phone каде има интерактивна 3D презентација.

Овој сајт е воедно и продавница на Google од каде може да се купи Nexus One како и сите идни телефони на гигантот. Nexus Оne не е достапен за македонските корисници, но се очекува набргу да биде донесен во Европа од Vodafone.

Подолу е видео од презентација на која беше преставен Nexus One.

2 коментари на “Пристигна Google Nexus One

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии