Пристигаат нови Note 20 и Galaxy Z Fold 2 телефони

Дејан Соколоски

во Мобилни

Производител на паметни телефони Samsung претстави два нови супер популарни уреди. Samsung ги претстави новите Note 20 и Galaxy Z Fold 2 телефони. Note e веројатно најдобриот модел на Samsung, а со Fold влегуваат во друг дел од пазарот. Компанијата претстави куп уреди помеѓу кои нов Galaxy Tab 7 таблет и Galaxy Watch 3.

Сепак вообичаено на овие настани „ѕвезди“ се паметните телефони, во случајов Note 20 и Galaxy Z Fold 2.

Galaxy Z Fold 2

Новиот Fold уред доаѓа со неколку подобрувања и разлики. За почеток е поголем од актуиелниот модел, но сепак е потенок. Флексибилниот екран е поотпорен на превиткување и оштетување, а надворешниот екран е подобар од сегашниот.

Внатрешниот, флексибилен екран е 7.6 инчен и е поблизок до таблет со оваа големина, а и надворешниoт 6,2-инчен дисплеј е и повеќе од доволно голем.

Повеќе податоци за овој телефон очекуваме на 1 септември кога за кога е закажано и официјалното претставување.

Galaxy Note 20

Note серијата добива два нови уреди Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra. За ултра веројатно ќе треба да побараме нов термин, со оглед дека со 6,9-инчен дисплеј телефонот ја надминува стандардната големина за фаблет уред. Дисплејот е AMOLED 2X резолуција 1440 x 3088 (~496 ppi ) со 120Hz рефреш, а Samsung вообичаено има едни од најдобрите екрани па веруваме дека ова ќе продолжи и со овие уреди.

Galaxy Note 20 Ultra

Остатокот на хардверот е најбрзиот процесор за телефон кој не доаѓа од Apple, Snapdragon 865+; меморија од 12 GB RAM и флешдиск од 128 до 512 GB. Што се однесува до камерата Samsung стави 108MP сензор на главната камера заедно со сензор за автоматски фокус и неколу дополнителни леќи за различно фотографирање. Без сомневање ова е најдобриот модел на Samsung досега што може да се препознае и од цената која е 1450 долари.

Galaxy Note 20

Note 20 е послабата верзија на телефонот. Има помал и полош екран, помалку меморија (8GB) и помал флеш диск (128 GB). Камерата е послава 12MP со додатоци како широк објектив и телефото. Цената на овој модел е значително пониска, но сепак високи 1000 долари.

Продажбата на Note 20 и Galaxy Z Fold 2 започнува наскоро. За почеток Note 20 уредите излегуваат во продажба на 21 август. Веројатно не многу подоцна во продажба ќе се појави и Galaxy Z Fold 2. Сепак пред ова на 1 септември ќе има специјален настан за Galaxy Z Fold 2, потсети TechRadar.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии